За нас


Задолжителните нафтени резерви се формираат со цел Република Македонија  да обезбеди високо ниво на сигурност и безбедност во снабдувањето со сурова нафта и/или нафтени деривати, односно за обезбедување на услови за интервентно снабдување на пазарот со нафта и нафтени деривати, во случај на нарушување на енергетската сигурност на државата предизвикана од пореметувања во снабдувањето со нафтени деривати од поголеми размери.

Финансирање


Обезбедувањето на финансиските средства за формирање, чување и обновување на задолжителните нафтени резерви, како и за активностите и работата на Дирекцијата е регулирано со членовите 21 – 26 од Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

Мисија и визија


Мисија: Формирање на задолжителни нафтени резерви најмалку до минималните количини пропишани со закон, нивно складирање, обновување и управување со истите.

Визија: Имајќи го предвид значењето на зајакнувањето на сигурноста во снабдувањето со сурова нафта и нафтени деривати со цел да се одбегнат евентуални пречки во работењето на внатрешниот пазар, а во насока на одржување на виско ниво на сигурноста на понудата на нафтени производи во земјата, задолжителните нафтени резерви треба да овозможат стабилност во обезбедувањето на пазарот, преку сигурни и транспарентни механизми кои истовремено се во согласност со начелата на внатрешниот пазар и конкуренцијата како и во согласност со европските директиви за нафтени резерви.